Полни десет години веселата шесторка на една од најпопуларните хумористични серии на сите времиња, „Пријатели“, ги забавувала тв гледачите ширум светот. Сепак, не се’ што било снимено ја здогледало виделината на денот, а тоа се дознало 13. години после емитувањето на последната епизода.
Нивната популарност и понатаму е голема, иако серијата „Пријатели“ престанала да се снима во 2004. година, значи полни 13. години. Обожавателите ширум светот со задоволство ги гледаат репризите и репризите, а многумина и’ ги прераскажуаваат најдрагите сцени.
Сепак, малку кој знае дека во текот на десетте сезони била снимена и сцена која била забранета во скоро сите земји ширум светот, вклучувајќи ги и американските држави Тексас и Охајо.
Станува збор за сцена во кој бившата сопруга на Рос се мажи за својата нова партнерка.
Иако венчавката била традиционална, сцената не смеела да биде емитувана во тоа време бидејќи ја сметале за шокантна и непримерена.