Филмскиот фестивал КинеНова денеска (10 октомври), среда, во 12 часот во Кинотека на Македонија го најавува мастеркласот на легендарниот хрватски писател и сценарист – Анте Томиќ.
Мастеркласот е на тема: „Неколку мали трикови за пишување на филмски дијалози”. Ги повикуваме сите филмаџии и филмски љубители да ја искористат оваа ретка можност.
Анте Томиќ е автор на сценариото на филмот „Устав на Република Хрватска”, кој на фестивалот „Киненова” се прикажа во рамките на програмата Европско културно наследство заедно со филмовите „Пред дождот” на Милчо Манчевски и „Погледот на Одисеј” на Тео Ангелопулос.