Стартува четвртиот забавен викенд од проектот „Супер Скопје“

Вечерва, петок, 8 септември стартува четвртиот забавен викенд „Супер Скопје“.

Овој пат забавата се префрла на „Боемска улица“ во Дебар Маало, каде ќе настапат Влатко Илиевски, „Синтезис“ и „Фолтин“, додека утревечер, сабота, 9 септември, скопјани и сите други добронамерници во македонската метропола ќе ги забавуваат Нино Величковски и „Тамбураши“, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар.
Главен организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“.
Со одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжено за еден час.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …