Памела Гидли најпозната по улогата на Тереза Бенкс во „Твин Пикс“ умрела на 52. години.
Памела Гидли умрела мирно во својот дом на 16. април во Сирула, во Њу Хемпшир. Бившата манекенка, Памела Гидли, првпат на филм се појавила во „Јунак на скејтбордот“ („Thrashin”) во 1986. година, а најголема слава добила со улогата во Твин Пикс, како и во филмот „Огнена прошетка со мене“.
Иако имала се’ што една ѕвезда треба да поседува, како што пишува „МИрор“, таа веќе во 2012. година се повлекла од актерските води за да се грижи за својот болен брат. Тогаш го напуштила Лос Ангелес и почнала да живее во Њу Хемпшир каде и починала.
Блескавилото и гламурот на Холивуд ги оставила зад себе а медиумите тврдат дека на нејзиното повлекувње од светот на филмот влијаел болниот развод со каскадерот Џејм Лу во 2008. година. Памела оттогаш била потполно сама.Ја поврзувале со продуцентот Џејмс Ловин но оваа вест никогаш не била потврдена.
Освен по филмовите Памела ќе биде запамтена и како најубава жена на светот. Таа оваа титула ја добила на 19. години на натпреварување во Сиднеј, а потоа се бавела и со манекенство.