На 26 април во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ПИКТОГРАМИ“ од Светлана Попова и Марија Штерјова

На 26 април 2024/ петок/ од 19.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ПИКТОГРАМИ“ од Светлана Попова и Марија Штерјова.

Симболиката на преносното значење на знаците, да се препознаат, прочитаат, почуствуваат, универзалноста на математички совршениот бескраен универзум, пресликан во фантастичниот мал Фибоначи човек, е лајтмотивот на оваа изложба.


Авторите self-taughtpainters, м-р Светлана Попова, од Штип, родена прилепчанка, израсната во чколијата, чошињата и чаршијата, и магистрант Марија Штерјова, штипско моме, две различности, две професии, две искуства, работејќи заедно создаваат вистинско уметничко искуство. Љубовта кон боите, платното, четките ги споила, а резултатот е сега видлив. Секое парче резонира со суштината на животот, раскошот на љубовта, битот на семејството, визијата кон инднината, а се преку универзалниот јазик на симболите.

„ПИКТОГРАМИТЕ“, во своите творби не само што ја прославуваат убавината на светот околу нив, туку и пренесуваат наратив на емоции, искуства и врски, поканувајќи ги гледачите да ги истражат длабочините на човековото изразување, втурнувајќи се длабоко во значењето на сликовниот јазик и сопствената душа.


Сликите се изработени во техника акрил на платно, акрил на панел, акрил на хартија, со различни димензии, јаки контрасти на бои, слободни движења на сликарско ноже, кист и четка со огромна големина.

Сликите кои ќе бидат изложени се изработени во подолг временски период од 2019 до 2024 година. Случајно, но со намера 33 дела и наслов „Пиктограми“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …