СКОПЈЕ СЕ ЛАДИ! ТРИ КОНЦЕРТИ ВО ЕДНА ВЕЧЕР!

С.А.Р.С. ВО СКОПЈЕ НА 8 ЈУНИ

Со концерт на македонски и српски изведувачи во Сабота на 8 јуни на стадионот на АРМ во Скопје почнува музичката ноќ на фестивалот Скопје се Лади – Три концерти во една ноќ.


Скопје добива нова форма на музичко изразување и ноќ посветена на љубителите на добрата музика со три концерти кои истовремено ја оживуваат енергијата со драм ен бејс, рап, реге и балкански звук.

За загревање на атмосферата ќе се погрижат момците од бендот Брас Брадерс кои ќе ја вжештат атмосферата со нивните брас инструменти и со нивните хитови кои одлично поминаа кај македонската публика.


Миленикот на повеќе генерации раперот Тајзи после неколку феноменални концерти низ Македонија , ќе настапи со неговите најголеми хитови на кои сите пејат и танцуваат.

И како круна на оваа незаборавна вечер со 90 минутен концерт ќе настапат извонредните српски изведувачи С.А.Р.С. со добро познатите хитови кои рушат рекорди на YouTube, песните: Буџав Лебац, Лутка, Ракија, Перспектива и многу други.


Билетите може да се набават во Kupi Karti Za Se и на 44event.mk

Ве очекуваме во голем број и заедно да се оладиме!

Скопје се Лади!

8 Јуни

Стадион на АРМ

Почеток 20.30

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …