Претставата „Малата сирена“ слави јубилеј-5 години од првата изведба

По повод роденденот и јубилејот на претставата „Малата сирена“ ве покануваме на 3 април во 18:00 часот во НУЦК Трајко Прокопиев – Куманово да дојдете на претставата која слави 5 години од своето прво играње.

Претставата има добиено и неколку награди. Билети по промотивна цена од 100 денари се пуштени во продажба на билетара во Центар за култура.


Играат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски, Дубравка Киселички, Кети Дончевска Илиќ, Жарко Јовановиќ, Владо Дојчиновски.
Режија: Бојана Краљевска, асс на режија: Ибраим Деари, драматург: Сашо Костовски, сценограф: Крсто Богојевски костимограф: Кети Пауновска Стефковска, музика: Зоран Зафировски.

После претставата ве очекува мало изненадување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …