Студенти од повеќе генерации го обединија својот креативен потенцијал и подготвија програма со која преку рецитал, драматизација, музички точки и видео-проекции ќе се претстави дел од развојот на македонската книжевност и култура, со антологиски дела по нивен избор.
Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ве поканува на студентската вечер на македонската книжевност и култура „Непрочитано писмо“, во рамките на манифестацијата „Денови на македонската литература“.
Настанот ќе се одржи на 3 април 2024 година, со почеток во 18 часот, во амфитеатарот 3 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Дозволете стиховите од македонските поети со прочит на студентите од Катедрата да нѐ милуваат, миксот од македонски песни во изведба на на ученици од Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски Луј“ и на Андреј Цаневски и да нѐ развесели, а со драмска изведба да се потсетиме и на некои други, важни дела и мотиви од македонската книжевност.