,,Зимски салон” 2024 на тема ,,Интимност и интерконекција” е подготвена да се претстави и пред штипската публика.

Учеството и интересот на уметниците членови на ДЛУМ за Зимскиот салон отсекогаш биле големи и предизвикувачки. Пристапот при селекцијата на делата од страна на кураторите оваа биенална изложба ја прави сè поатрактивна од ликовен аспект. Експериментирајќи со сите медиуми на изразување, Зимскиот салон е значаен токму поради тенденцијата, како на кураторите така и на уметниците учесници, да креираат современи и концептуални ликовни формати. Годинашната кураторка Oксана Карповец од Украина, која денес живее и работи во Париз, Република Франција, на македонските уметници членови на ДЛУМ им предложи многу актуелна и провокативна тема која во себе содржи повеќе нивоа на конципирање со многуслојни асоцијации. ,,Интимност и интерконекција ” е насловот на годинашниот кураторски проект во кој уметниците креираа и создадоа ликовни концепти со различни ликовни идентитети. – се наведува во текстот за каталогот на претседателката на ДЛУМ проф.д-р Јана Манева-Чупоска.

Кураторката Оксана Карповец во својот текст ,,Интимност и интерконекција” потенцира дека: „Не е важно дали уметниците кои ја ре-креираат оваа интимност во својата артистичка/уметникова практика, зборуваат за апстрактна космолошка врска со сè во светот преку небото и ѕвездите под кои сите чекориме; за врската со природата, со земјата или со личната врска, со историските настани кои се запишани во нивните семејни истории; или пак едноставно го прикажуваат животот и практиките на нивните заедници и пренесувајќи глобално чувство на вознемиреност за иднината на човештвото и планетата”


„Во свет кој често се чувствува фрагментиран и поделен, „Зимскиот салон на ДЛУМ 2024″ стои како доказ за моќта на уметноста да ги премости празнините што не разделуваат и да создава врски што ги надминуваат границите. Тоа е вреднување на различноста, емпатијата и разбирањето – потсетник дека, под површината, сите сме поврзани со нишки на споделени емоции и искуства кои не обликуваат и исцртуваат како луѓе. Селектираните ликовните дела на оваа изложба со својата сензибилност и директност во уметничкиот израз ја предизвикуваат современата публика на себе-рефлексија, критичко мислење и сензитивна акција.-потенцира во текстот за каталогот претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ проф.-д-р Маја Рауник Кирков.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …