Промоција на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ , А. Чехов

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовирана книгата  „Иванов 1887/1889: две верзии”, А.Чехов.

Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е РСМ НУ Македонски народен театар.


Со ова драгоцено издание на „Иванов”, комедијата од 1887 година, и „Иванов”, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал.

По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов” во режија на Зоја Бузалковска.
Билетите за изведбата на претставата се пуштени во продажба.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …