Денес роденден прославува нашата пејачка Тијана Дапчевиќ

Тијана Тодевска-Дапчевиќ е родена на 3 февруари 1976 година во Скопје. Таа е позната македонска поп-пејачка и професор по виолончело.

Во 1999 година, Тијана дипломирала на Факултетот за музички уметности во Скопје. Таа е омажена за Милан Дапчевиќ со кого го има синот Вук. Нејзина сестра е пејачката Тамара Тодевска.


Тијана била одбрана од МРТ да ја претставува Македонија на Евровизија 2014 во Данска.

Добитничка е на следниве награди:


2002 — Победник на фестивалот во Херцег Нови, со песната „Негатив“
2004 — 3. место на фестивалот „Будва“, со песната „Недај“
2005 — Победник на фестивалот во Будва, со песната „Све је исто само њега нема“
2006 — Победник на Радискиот фестивал, со песната „Јулијана“
2006 — 4. место на фестивалот „Беовизија“, со песната „Грех“
2007 — 2. место на фестивалот „Врњачка Бања“, со песната „Пламен старе љубави“

Моментално е препознатлива по улогата на Ула во серијата „Преспав“.


Среќен роденден Тијана ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …