На денешен ден беше роден маестро Џамбазов: Целиот живот го посвети и остави неизбришливи траги во македонската музика

Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 88 години. За својата работа тој се имаше здобиено со над 40 награди и признанија во Македонија и Југославија.

Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје.


Втемелувач на македонската детска и популарна музика со голем број на изведени, снимени и печатени и наградени дела во земјата и странство, истакнат општествен деец во целокупната музичка култура, за што е добитник над 40 стручни и општествени награди и признанија во Македонија и во поранешна СФР Југославија, добитник е и на Државната награда „11 Октомври“, Наградата на град Скопје „13 Ноември” и др. Маестро Александар Џамбазов е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и на најпознатиот, најафирмиран и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа „Златно славејче“.

Неговиот исклучителен придонес е и во музичкото исполнителство како диригент со над 40-годишен непрекинат и континуиран работен стаж, и како несебичен пропагатор на опусот на македонските композитори од овој жанр. Во неговиот богат творечки и интерпретавен опус се обединети сите негови животни и креативни настојувања на взаемно преточување на „сериозниот” и „популарниот” жанр врз кои базира целото негово творештво што опфаќа оркестарски, хорски, камерни дела, забавни мелодии, песни за деца, музика за филм и за театарски претстави.


Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство а добитник е на голем број стручни награди. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. За својата работа доби над 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Во брак бил со познатата македонска глумица Анче Џамбазова.


Негов син е познатиот глумец и шумен Игор Џамбазов, а има и ќерка Тања Џамбазова.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …