Денес се сеќаваме на нашиот истакнат композитор и диригент Драган Ѓаконовски-Шпато, кој почина на денешен ден во 1987 година

Драган Ѓаконовски-Шпато е роден во Скопје на 11 март 1931 година. Тој е истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. Важи за зачетник на македонската забавна музика. Како автор на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна музика и џез, почнувајќи од првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез-композиција насловена „Тема I“, што ја создал во 1947 година. Тој бил извонредно надарен музички инструменталист кој формирал повеќе оркестри и групи.

Драган Ѓаконовски-Шпато бил оженет со џез-пејачката Марија Ѓаконовска. Нивниот син Мартин Ѓаконовски е џез-басист во Германија. Татко му, Васил Ѓаконовски, како и постариот брат, Хари, исто така, биле музичари.


Во чест на Драган Ѓаконовски, една песна на македонскиот композитор Александар Џамбазов е насловена „Балада за Шпато“

Починал во Скопје на 3 јануари 1987 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …