Од утре во продажба и ВИП-пакетите за концертот на ЈЕЛЕНА РОЗГА

Како што веќе и најавивме, по неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик за почетокот на следната, 2024 година, го закажа големиот скопски концерт на една од најпопуларните ѕвезди на овие простори – Јелена Розга, која во рамки на турнејата Минут срца мог на 10 февруари ќе настапи пред публиката во арената Борис Трајковски!

Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија”, „Окус ментола “, „Нирвана”, „Соло играчица” и неизбежниот „Цунами”, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, каде и ја стартуваше кариерата.


Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Skymusic продукција.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје веќе се пуштени во продажба, и тоа преку www.efinity.rs, преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни местаи тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Од утре преку www.kupikartizase.com


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …