Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ се придружува кон реакцијата и поддршката за македонскиот режисер Милчо Манчевски

Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ се придружува кон реакцијата и поддршката за македонскиот режисер Милчо Манчевски од Филмскиот фестивал Венеција и од Централата на ФИПРЕСЦИ.

Сакаме да изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој да се замолкне и да се спречи да работи во Македонија.


Укажуваме дека ова е пример на заробена институција која се инструментализира за прогон врз автори, со што се нанесува далекусежна штета не само на филмската дејност ами и на целата култура воопшто. Сметаме дека е недозволиво е да се компромитира македонската култура на меѓународен план на овој начин.

Македонската секција и во иднина ќе продолжи да осудува кога некој автор или други професионалци во филмската дејност ќе бидат институционално прогонети или стигматизирани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …