Пуштени картите во продажба за фестивалот Андерфест – Кои музички групи ќе настапат во МКЦ?

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13.ти октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Публиката и овој пат на овој ЈУБИЛЕЈ ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест.


Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари.

Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваат многу публика и забава.


На Андерфест 5 ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

„Едвај чекаме овие шест бенда да се качат на сцената во МКЦ и да го превртат фестивалскиот под наопаку. Исто и вие?“, прашуваат организаторите од Андерфест Скопје


Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1292

За првите 100 карти цената ќе биде 300 денари, потоа 400 денари, а на врата последен ден 500 денари.

Повеќе инфо за настанот:
https://www.instagram.com/underfest_festival_skopje/

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …