Доделени наградите за 18-тиот Интернационален филмски фестивал „Астерфест“

Жирито во состав: м-р Гоце Ристовски (писател и универзитетски професор), д-р Дрита М. Фазлија (филмски продуцент и универзитетски професор) и Мили Чумиќ (филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија), по опстојна расправа за сите 23 филмa во официјалната конкуренција прикажани на 18-тиот Интернационален филмски фестивал „Астерфест“, донесе едногласна

📒О Д Л У К А
————————
🖇Наградата „Златна потковица“ се доделува на филмот ИВАЛУ (IVALU) на авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска
🖇Наградата „Сребрена потковица“ се доделува на филмот ЕЖ (HEDGEHOG) на авторот Д. Митри од САД
🖇Наградата „Бронзена потковица“ се доделува на филмот ШТИПЕЊЕ (PINCH) на авторките Еми Патмор и Ана Дворжак од Австралија
🖇Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за сценарио се доделува на авторката Александра Кардалевска за македонскиот филм СЦЕНАРИОТО (THE SCRIPT)
🖇Наградата „Ацо Алексов“ за режија се доделува на авторот Дејан Ангелов за филмот ЗАДАЧА (TASK) од Бугарија
🖇Награда за филм од македонската продукција се доделува на македонскиот филм ЗВУКОТ НА ТИШИНАТА (THE SОUND OF SILENCE) на авторката Анастасија Лазарова Пилинг
🖇Награда за студентски филм се доделува на НОВИОТ ПОЧЕТОК (THE NEW BEGINNING) на авторката Тања Симоновскa
🖇Специјална награда за современ третман на традиционалните семејни вредности се доделува на филмот „Ирско збогување“ (AN IRISH GOODBYE) на авторите Том Беркли и Рос Вајт од Велика Британија
🖇Специјална награда за инвентивен ведар пристап кон теми што говорат за глобалната состојба на психоза во современиот свет се доделува на македонскиот филм „Тале и Корона“ (TALE AND CORONA) на авторoт Томислав Алексов
🖇Специјална награда за придонес во разоткривањето на ефектите од алтернативниот уметнички креативен пристап наспрема конвенционалниот живот се доделува на македонскиот филм „ЛУКА“ (LUKA) на авторот Ице Виранов


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …