Подгответе сами пилинг за лице

Пилингот ги отстранува мртвите клетки од лицето, ја подобрува циркулацијата, а со самото тоа и овозможува на кожата правилно да се храни. Се’ заедно прави кожата да ви изгледа позатегнато и помладо.
Овој пилинг можете да го користите за целото тело.
Руски пилинг за лице од три состојки кој се подготвува многу лесно.
Потребно ви е:
овесни снегулки
мед
кокосово мсло
Подготовка:земете одредено количество овесни снегулки (количеството зависи од тоа дали ќе правите пилинг на лицето или целото тело) додајте двојно помалку кокосово масло и исто толку мед.
Се’ соединете и ставете во блендер. Пилингот би требало да изгледа како густа леплива каша. Нанесете ја на лицето а потоа масирајте со кружни движења, одбегнувајќи го пределот околу очите.
После неколку минути масажа, со млака вода отстранете го пилингот.
Овој вид на пилинг не е за кожа која е проблематична. Тој е наменет за кожата на која и треба класична нега

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …