„Почна падот на Путин“ – Киев тргна во офанзива по фијаското на Пригожин

Тврдењата на Киев дека режимот на рускиот претседател Владимир Путин е на сè потенки мраз ги потврдија и последните настани во Русија, при што „рускиот цар“ ја загуби контролата над два града на руска територија, кои беа окупирани од паравоената формација Вагнер. Работите да бидат уште полоши за Москва, оваа вест не ги изненади Украинците, напротив – тие го поздравија слабеењето на Русија и започнаа жестоки напади веќе од првата вечер, а во исто време тврдеа – ова е почетокот на крајот на Путин.

Андриј Јермак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Русија е влезена во ќорсокак по обидот за пуч и дека „одбројувањето“ започнало, пишува Би-би-си.


„Оваа терористичка земја изгуби контакт со реалноста. Светот мора да заклучи дека е невозможно да се има некаква сериозна врска со таа земја“, рече Јермак.

Висок украински функционер, кој сака да остане анонимен, отиде чекор подалеку и посочи дека Путин ќе биде принуден да ги отпушти министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов, како одговор на уште едно воено неуспех.


Да потсетиме дека оставката на двајцата генерали беше клучно барање на Евгениј Пригожин и на бунтовниците на Вагнер.

„Пригожин ќе го добие тоа што го сакаше. Неговиот политички живот не е завршен. Нема да остане во егзил во Белорусија“, заклучува тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …