Најмногу прекршоци во европските Топ 5 лиги направени врз Винисиус

– Напаѓачот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Винисиус, е фудбалерот врз кои се направени најмногу прекршоци во изминатата сезоната во водечките европски лиги.

Врз 22-годишниот бразилски репрезентативец биле направени 122 прекршоци, објави денеска порталот „squawka“.


На второто место е играчот за врска на римски Лацио, Матија Закањи, врз кои изминатата сезона во Серија А биле направени 117 прекршоци.

Следуваат крилниот напаѓач на шпански Рајо Ваљекано, Иси Палазон (104 прекршоци), играчот за врска на француски Монпеље, Теи Савание (97) и португалскиот напаѓач Иво Родригез (95), кој изминатата сезона настапуваше за Фамалкао.


ег/сд/ФОТО: Фејсбук .

Извор: МИА


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …