(ВИДЕО) Кога природата чести: Спектакл на плажа на кој можете да присуствувате два пати неделно

Плажата Катедрала го должи своето име на карпите високи 30 метри, кои со децении немилосрдно ги удираа брановите и ветерот…
Плажата Playa de las catedrales (плажата на катедралата), позната и како Las aguas santas (Плажата на светата вода), е спектакуларно место на кое вреди да поминете време доколку се најдете во Галиција во северна Шпанија.
Оваа природна убавина ќе ја најдете недалеку од градот Рибадео, кој исто така е одлична станица за истражување на прекрасните паркови, улици и локалната гастрономија.
Плажата Катедрала своето име го должи на карпите високи 30 метри кои со векови безмилосно ги удираа брановите и ветерот. Ако сакате да ја посетите и да шетате меѓу камените сводови, тоа можете да го правите само при мала плима, два пати на ден, а ако пристигнете при плима, нема да можете да го доживеете во целосна големина.


Бидејќи бројот на посетители е ограничен, пристапот до плажата во текот на летото е возможен само со претходна резервација. Се разбира, подобро е да се истражува плажата во оф-сезона, во сончеви денови, кога има помалку луѓе.
Се препорачува да се дојде на плажата два часа пред и до два часа по плимата. Во Рибадео можете да најдете организирани туристички тури, а ако сакате долги прошетки – можете сами да пешачите (во овој случај задолжително проверете го распоредот на плимата).


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …