Познатиот актер денеска се потсетил на своите почетоци кога се борел да стане име во светот на актерството.
Иако стана познат во раните 80-ти благодарение на филмот „Американски жиголо“, раните актерски денови на Ричард Гир во Њујорк биле многу тешки.
„Мојот главен оброк беа јајцата“, се присетил Гир за Page Siх, на неговите рани денови кога се борел да се прослави во актерскиот свет. Одењето во ресторан за него било сосема нереално, а тие времиња, признава тој, биле: многу тешки, дури и очајни.
View this post on Instagram
„Во текот на 70-тите години како актер на самиот почеток на мојата кариера обидувајќи се да успеам, гладував. Имав доволно среќа да работам, но тогаш немаше многу актери што заработуваа пари. Бев на Бродвеј за ‘Прв пат’. Всушност работев надвор од Бродвеј, а потоа надвор, надвор од Бродвеј“, вели Гир (73).
„Во Њујорк никој не заработуваше пари. За жал, гладот беше нешто сосема вообичаено. Да се биде гладен беше нормално за многу луѓе, особено за актерите кои го започнуваа своето патување во Њујорк. Затоа оваа организација ми е толку важна”, рекол тој за добротворната организација за храна City Harvest.
View this post on Instagram
„Храната е од суштинско значење за животот и многу луѓе ја немаат таа потреба во Америка. Сè е проклето скапо во моментов. Затоа, среќен сум што ќе помогнам кога станува збор за добивање хранлив оброк на луѓето. Тоа е основно човеково право”, додал Гир.
Свечената вечера собрала пет милиони долари за њујорчани кои имаат потреба.
Фото: Архива