Концерт на EFTERKLANG во Крушево!

МКЦ го најавува концертот на музичката група ЕFTERKLANG во прекрасното Крушево!
На наша огромна возбуда и нескриено задоволство ви го најавуваме проектот EFTERKLANG MAKEDONIUM BAND

Музичката група EFTERKLANG од Копенхаген, Данска ќе престојува на музичка резиденција во Скопје од 23-29 април, каде во текот својот престој, во соработка со MAKEDONIUM BAND, бенд составен од неколку локални музичари, ќе работат на заедничка музика. Бендот го сочинуваат Мартина Баракоска, Дина Јашари, Јане Трајковски, Стефан Стојковски Ива Дамјановски и Женскиот младински хор при МКЦ. Музичкото дело, премиерно ќе биде изведено на 30 април (недела) во Крушево, пред споменикот Македониумот, на зајдисонце.
Концертот ќе започне во 17:00 часот, а влезот е отворен и слободно можеме да додадеме: задолжителен.


This image has an empty alt attribute; its file name is efterklang.jpg

Ако случајно сретнете неколкумина Данци деновиве низ Скопје, слободно кажете им “HEJ!”– наједноставниот дански поздрав.
Не го пропуштајте овој единствен и магичен музички повик за будење на пролетта во едно од најпезажните места во нашата прекрасна држава. Да сме таму, да отпатуваме


EFTERKLANG е бенд кој досега настапувал 3 пати во Македонија, со еден нивен самостоен концерт во Кино Фросина и два пати настапувале на фестивалот Здраво Млади во МКЦ.
Концертот е поддржан од Гете институт и од Министерство за култура на РСМ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …