(ВИДЕО+ФОТО) Притисна на сопирачката и „добил“ два столба во кабината. Преживеал…

Возачот на камионот имал многу среќа.
Инцидентот се случил на автопат во Америка кога пред камионот се испречил автомобил. Имено, непознатото возило наеднаш влегло во сообраќајот без да го пропушти камионот. 33-годишниот камионџија нагло закочил за да не удри во возилото.
Иако успеал да го избегне ударот со брз маневар, големите инерцијални сили предизвикале движење на два од шесте челично-бетонски столбови. Два столба, секој тежок околу 2,5 тони, буквално излетале, пробиле низ кабината и застанале на патот пред камионот. За среќа, во неконтролираното движење на столбовите, возачот поминал без повредени, а немало жртви меѓу другите учесници во сообраќајот.


Полицијата не успеала да му влезе во трага на непознатото возило чиј возач со ненамерен маневар ја предизвикал несреќата. Моментално трагаат по т.н „фантомско возило“.


Следниот пат кога ќе се вклучите во сообраќајот, внимавајте и грижете се за другите учесници во сообраќајот, особено за тешките возила.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …