Починал актерот од филмот „Титаник“: Беше сакан холивудски негативец

Актерот Дејвид Ворнер, познат по улогата во филмот „Титаник“, починал на 80-годишна возраст.
Дејвид го играше Спајсер Лавџој во „Титаник“, а забележителни улоги имаше и во филмовите „Ѕвездени патеки“, „Врисок“, „Планета на мајмуните“, „Мери Попинс се враќа“…
– Тој многу ќе ни недостига, нам, на семејството и пријателите, а ќе остане запаметен како човек со големо срце, дарежлив и сочувствителен партнер и татко, чие наследство, неговата исклучителна работа, ги допре животите на многумина низ годините. Нашите срца се скршени – се вели во соопштението на семејството, пренесува Daily Mail.
Дејвид Ворнер студирал драмски уметности на Кралската академија за драмски уметности, а кариерата ја започнал во 1962. година со улогите во филмовите „Ние се приклучивме на морнарицата“ и „Кралскиот појадок“.
Во 1981. година, тој ја освои наградата Еми за извонредна споредна машка улога во минисерија или филм за неговата улога во телевизиската серија „Масада“.

Фото: Принтскрин/Youtube/servomoore


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …