Според науката, британскиот актер Роберт Патинсон е најубавиот маж на светот.
Неговата убавина била проценета со помош на антички грчки метод на пресметување наречен златен пресек. Значи, го одредува физичкото совршенство на една личност. Колку лицето е поблиску до соодносот 1:1.618, толку е личноста посовршена.
„Утврдивме дека Роберт Патинсон е дефинитивно победник откако ги извршивме сите потребни мерења на лицето“, изјавил докторот Џулијан Де Силва во интервју за LadBible.
View this post on Instagram
Лицето на овој актер е 92,15 отсто совршено. Зад него на листата се Хенри Кавил (91,64 отсто), Бредли Купер (91,08 отсто), Бред Пит (90,51 отсто) и Џорџ Клуни (89,91 отсто).
За потсетување, Патинсон во 2020. година за прв пат беше прогласен за најубав маж на светот, а очигледно успеа да ја задржи оваа титула. Исто така, Бела Хадид стана најубавата жена на светот во 2019. година и се уште никој не ја „симнал“ од тронот.
Фото: Принтскрин/Instagram