(ВИДЕО) ЛЕГЕНДАРЕН МУЗИЧАР – На Карлос Сантана му се слошило среде настап, колабирал на сцената…

Легендарниот мексикански гитарист Карлос Сантана се онесвестил на сцената среде неговиот настап во Мичиген.
На социјалните мрежи се појавија снимки од инцидентот каде повеќе корисници го споделија моментот кога 74-годишникот колабирал на сцената во музичкиот театар „Пајн Ноб“.
Медицинскиот персонал му пришол на помош, а Сантана брзо се освестил и додека со болничка количка го испраќале надвор од концертната сала, тој им мавнал на обожавателите, што го разбудило нивното воодушевување.


Карлос е во болница на набљудување каде и се опоравува, а неговиот менаџер Мајкл Врионис објаснил дека му се слошило поради „жештина и дехидрација“.
Сантана оваа година беше на турнеја со Miraculos Supernatural која започна пред помалку од еден месец и требаше да трае до август, но следното шоу закажано во Пенсилванија било откажано.
Музичарот минатата година беше подложен на „непланиран зафат на срцето“, која беше доволно сериозна за да ги откаже своите настапи на крајот на 2021 година.
Во тоа време, тој самиот ја коментирал ситуацијата: „Ќе одвојам малку време за да се опоравам и одморам“, рекол Сантана во видео пораката, во која открил дека отишол во болница откако доживеал непријатност во градите.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …