(ФОТО) Кејт Мидлтон во син фустан со бели точки го привлече вниманието на Вимблдон

Војвотката од Кембриџ вчера седна во кралската ложа на Вимблдон, и ги привлекла погледите облечена во син фустан со бели точки, додека продолжува да се залага за одржливост со рециклирање на нејзината гардероба.

This image has an empty alt attribute; its file name is kejt-midlton-i-princot-vilijam.jpg
Кејт му се придружи на Вилијам во кралската ложа, заедно со нејзините родители Керол и Мајкл Мидлтон.
Вниманието на присутните особено го привлече фустанот кој веќе го носеше претходно, а се работи за парче од брендот на Алесандро Рич.
Фустанот има ракави со должина од три четвртини, висока јака, ремен околу половината и раб со средна должина. Миди фустанот украсен со туфни се продава за 1.515 фунти.
Кејт фустанот го комплетираше со бисерни обетки и очила за сонце Finlay „Henrietta“.


View this post on Instagram

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)


Ова е втор пат Кејт Мидлтон да го носи фустанот во изминатиот месец, откако претходно го носеше на голем јубилеен ручек како дел од прославата на платинестиот јубилеј на кралицата на почетокот на јуни.
Кејт, заедно со принцот Вилијам и нивните деца, принцот Џорџ (8), принцезата Шарлот (7) и принцот Луис (4), учествуваа на неколку прослави во текот на јунскиот викенд.

Џорџ, Шарлот и Луис првпат учествуваа во поворката со кочија Trooping the Color, заедно со две појавувања на балконот на Бакингемската палата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …