На канадскиот актер Рајан Гослинг му припаднало да го отелотвори ликот на култниот Кен во филмот за куклата Барби, а сега е достапна и првата фотографија од неговото издание за филмот.
На социјалните мрежи вчера се појави првата фотографија од актерот како Кен, веројатно најпопуларната машка кукла од поранешните генерации.
На неа, 41-годишниот Рајан позира без кошула, облечен во тексас елек кој дополнително го истакна неговиот тен и сините прамени.
#BARBIE
July 21, 2023
Only in theaters. pic.twitter.com/DAemOyv5H8
— Warner Bros. Pictures (@wbpictures) June 15, 2022
Подолу носи фармерки од кои се издвојува долната облека „Кен“.
И покрај тоа што целиот тим се обидуваше Рајан да изгледа што е можно подобро за новата улога, фановите беа доста поделени по првата фотографија, а некои дури и разговараа за мускулите на актерот, прашувајќи се „дали се тие вистински“.
#BARBIE
July 21, 2023
Only in theaters pic.twitter.com/mauCGpizD1
— Warner Bros. Pictures (@wbpictures) April 26, 2022
Рајан ќе биде во филмот заедно со Маргот Роби која ќе ја игра Барби, која воодушеви многумина со нејзината фотографија од розев кабриолет на почетокот на оваа година.
Покрај Роби, во филмот ќе играат и Иса Рае, Вил Ферел, Кејт Мекинон, Симу Лиу, Мајкл Сера и Америка Ферера.
Премиерата на филмот „Барби“ е закажана за 21 јули 2023 година.
Фото: Принтскрин/Twitter