Возач на полицијата и покажал среден прст, судот го казнил возачот со 5.000 евра

Полицијата го пријавила 53-годишниот возач за навреда на службено лице.
На еден германски возач очигледно му пречела радарската контрола на брзината, па на патролата која ја мерела брзината покрај патот налутено и покажал среден прст. Тоа се покажало и на радарската камера, а бидејќи на полицајците очигледно им здосадиле навредите, поднеле кривична пријава. Сега возачот треба да плати казна од дури 5.000 евра, пишува dpa.
Полицијата го пријавила 53-годишниот возач за навреда на службено лице. Епилогот од деветмесечниот судски процес, кој вклучувал пресуда, потоа жалба и, конечно, повлекување на жалбата, можело да заврши многу полошо за сторителот.

This image has an empty alt attribute; its file name is horoskop-i-vozaci.jpg
Имено, за ова дело законот се заканува со затворска казна до една година. Судот како олеснителна околност го прифатил тоа што осудениот немал криминално досие. Бесниот возач во меѓувреме се извинил.
Сепак, судот нагласил дека неговото дело не е „ситно“, соопштиле во средата обвинителството и сообраќајната полиција.
Полицијата во градот Пасау наведува дека минувачите, а не само возачите, редовно ги навредуваат службениците. За време на неодамнешниот празник, радарската патрола во пристаништето во Пасау била „најодвратно“ навредувана од велосипедистите, се вели во соопштението.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …