Отворен повик за 14. Биенале на млади уметници во Музеј на современата уметност, Скопје – Тема: Будења / Awakenings

Тема: Будења / Awakenings

Музејот на современата уметност – Скопје објавува меѓународен повик за учество на 14-то Биенале на млади уметници на тема „Будења”.


Од среда, 16 јуни до среда, 20 јули 2022 година се повикуваат сите македонски и странски автори на возраст до 35 години да се пријават за учество користејќи го електронскиот формулар за пријава преку линковите:

https://forms.gle/ckuPywL9Pr9vcjKU6


https://forms.gle/zE1b4p1vuDrFJHZ99

Задолжителни податоци за пријава:


– Авторско портфолио со 5 селектирани дела за кои е приложена фотографска документација и опис до 150 зборови по дело во pdf формат (не поголемо од 10 MB)

– Авторска биографија до 500 зборови

Делата со кои се конкурира треба да се изработени во периодот од 2020 – 2022 година; во спротивно, авторите можат да аплицираат со идејни проекти за кои ќе обезбедат детален опис и техничко решение – онаму кадешто е применливо. Краен рок за реализација на идејните проекти кои ќе бидат селектирани е 15 јануари 2023 година.

Секој автор може да учествува со најмногу 1 авторскo делo.

Апликациите се поднесуваат на македонски или англиски јазик.

Пристигнатите апликации на конкурсот ќе ги разгледува кураторски тим.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на официјалната веб страница на Музејот на современата уметност – Скопје на 1 август 2022 година.

За дополнителни прашања, заинтересираните учесници можат да поднесат прашања на е-адресата info@msu.mk најдоцна до недела, 10 јули 2022 година.

Повеќе информации за темата на годинашното 14-то Биенале на млади уметници: Годинашната тема на Биеналето на млади уметници е насловена како „Будења” (Awakenings). Осврнувајќи се еднакво кон процесите на соочување и мечтаење, темата има за цел да ги поттикне младите автори да ги изразат своите размислувања, не/согласувања, не/сигурности, не/задоволства, мечти и амбиции при соочувањето со личните и општествени промени. Овие разновидни промени, поаѓајќи од напуштањето на комфорната зона при завршетокот на образованието или осамостојувањето од семејството, почетокот или промената на кариера или пак наметнатите околности, кои произлегоа од глобалната пандемија и рестрикциите, го носат со себе аспектот на двојството. Од една страна, нивното настанување е ограничувачко, а од друга нивниот процес е ослободувачки. Темата на Биеналето има за цел да го истражи и претстави процесот и промената, дејството и новиот зачеток – оттаму, будењата.

Ги покануваме младите уметници од целиот свет да ги претстават своите дела кои се создадени во нивниот својствен контекст на будење(а) и да дадеме одговор на прашањата: како младите уметници кои излегуваат од границите на семејството и образовната институција се соочуваат со општествените проблеми и предизвици? Што прават младите кога ќе се разбудат во свет во кој не се заштитени како порано? Како сонуваат во свет кој по три годишна изолација конечно ги отвора вратите за слободата на изразување и дејствување?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Годишен концерт на учениците од одделот по пијано при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес во Концертната сала на ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”, со почеток во 17:30 часот ќе се …