Децата често немаат чувство за вредноста на парите…
Една мајка на социјалната мрежа Тик Ток открила дека го принудува својот седумгодишен син да плаќа сметки и кирија, за да ја научи вредноста на парите.
Таа му дава задачи што треба да ги прави секој ден, за да заработи џепарлак:
Децата треба да ја научат вредноста на парите
-Имам седумгодишник кој добива дневна листа на работни обврски што треба да ги работи секој ден. Ако заврши се што е на списокот со задачи, добива по еден долар дневно. На крајот на месецот, сфаќа дека треба да ги плати сметките, и ми ги дава тие пари. Има и кирија, струја во неговата соба и интернет за неговиот iPad. Тој разбира дека има две кутии со пари во текот на месецот – едната за пари за забава, а другата за обврските“ – објаснила оваа мајка.
@craftedandcozyThis has worked wonders in my household….hope it works for you! 💓 #parentsoftiktok #parentinghack #mamatiktok #fyp #mamatiktok #tiktokmom
„Не правам ништо со неговите пари, освен што веднаш ги ставам на неговата штедна книшка. Тоа го научи на вредноста на парите и одговорноста. Задоволна сум од резултатите, се надевам дека ви помогнав малку со ова – додала таа. Многу луѓе го поддржале овој гест, но имало и такви кои веруваат дека детето треба да остане дете.
Фото: Принтскрин/TikTok