После страшните слики од Кети Прајс, се огласи нејзиниот поранешен сопруг, кој е загрижен и лут.
Киријан Хејлер (34), поранешниот сопруг на англиската старлета Кети Прајс (42) е лут поради нејзината последна серија пластични операции.
Децата на Кети Прајс се преплашени
Киријан и Кети Прајс се разведоа на почетокот на јули, а таа се свршила по седми пат, велејќи дека старлетата ги преплашила нивните две деца Џет (7) и Бани (6) со својата опсесија и зависност од пластична хирургија.
Понекогаш мора да размислува за децата, а не само за себе.
– Тие се грижат за својата мајка и се ужасно исплашени. Таа понекогаш мора да размислува и за децата, бидејќи Бани, Џет, Принцес и Џуниор се преплашени што ја гледаат во ужасна состојба по операциите – рекол Киријан.
Киријан, личен тренер и поранешен стриптизер, изјавил дека Кети претерува со операциите и во исто време јавно покажува како изгледа, а нејзините деца се принудени да го гледаат сето тоа.
Кети Прајс изгледала како чудовиште
Кети Прајс во јуни повторно била оперирана во Турција. Направила пет интервенции: липосукција, го затегнала лицето, ги работеше усните, го кренала бразилскиот задник. Сето ова Велика Британија го следела во живо, додека Кети, која изгледала како чудовиште,офкала од ужасна болка.