Прекумерното слободно време и парите одат рака под рака, и ова видео најдобро го покажува тоа.
ЈуТјуберот Street Speed 717 дошол на идеја да сними видео во кое ќе бидат претставени неговите две жолти Ламборџинија. И сè ќе беше во ред ако тој не се решише да го прескокне другиот. Така е, од чиста забава тој решил да си ја предизвика среќата.
Барем така изгледа на прв поглед, затоа што веруваме дека секој нормален би одработил мала пресметка. Неколку минути гуглање и малку повеќе пресметки е доволно за да се пресмета минималната брзина со која е потребно да се оди на скок во дадените услови.
По скокот, друштвото продолжило да си игра во нешто поевтини автомобили, караванска Импреза и стара Тојота, а видеото можете да го видите во продолжение.
Фото: Принтскрин/YouTube