Почна имунизацијата на наставниот и воспитен кадар од Ѓорче Петров

Во вакциналниот пункт  во С.Ц „Борис Трајковски“-Скопје почна имунизацијата против Ковид-19 на наставниот и воспитен кадар од училиштата и градинките од општина Ѓорче Петров.

Станува збор за наставнички кои вршат дејност од прво до трето одделение. Пријавени за вакцина се и наставничките што ќе предаваат во 1-во одделение од септември.


Од градинките се вакцинираат воспитувачи, негувателки, педагози и психолози. Интересот за вакцинација кај воспитниот и наставен кадар од општина Ѓорче Петров е голем.


Овој процес на заштита на населението ќе придонесе за стабилизација на состојбата со коронавирусот.  Сите образовни установи во општината работат согласно протоколите за заштита од пандемијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

Од 13 до 18 мај во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи XXIV …