Дејан Живиќ, наречен „Славејче“ од Лапље Село во Косово и Метохија, станал вистински хит на социјалните мрежи, откако на Фејсбук се појавило видео снимено на Ковид болницата на ова место, во близина на Грачаница.
Иако бил хоспитализиран и се лекувал од коронавирус, Дејан решил да ги развесели другите пациенти од собата, како и медицинскиот персонал.
Според медиумите, тој една вечер ја прошверцувал тастатурата, па во чест на оние што го лекувале, и пациентите кои се лекувале, го испеал познатиот хит „Последниот боем“ на Шеки Турковиќ.
„Еден ден, многумина ќе жалат, затоа што мене повеќе нема да ме биде, но ќе останат песните и спомените, на последниот боем“, пеел во болницата.
Видеото можете да го погледнете подолу.
Фото: Принтскрин: Facebook/Бобан Микиќ