АКО мислевте дека IQ е најмалото што ќе видите од Тојота, сте се излажале…
И додека профилот не открива минијатурни димензии, изометрискиот поглед јасно покажува минимализам во однос на димензиите. Наречен е C + pod и е создаден врз основа на концептот прикажан во 2019 година во салонот во Токио.
Станува збор за идеален градски автомобил со само 2,49 метри должина и 1,29 метри ширина, што е поскромно од „Смарт“. Бидејќи автомобилот е направен од пластика, вкупната тежина и’ покрај батериите е сè уште мала – само 690 кг. Да речеме дека има помала Тојота (i-Road), но таа нема четири тркала.
Станува збор за двосед со мал багажник кој има батерии со капацитет од 9 kWh кои му овозможуваат домет на пристојни 150 км. Електричниот погонски мотор дава само 12,5 КС и 56 Nm, а го покренуваат задните тркала. Сè на сè, доволно за 60 км на час.
Тојота го понуди овој модел на јапонскиот пазар каде што во моментов се нуди по цена од 13.000 евра.
Фото: Toyota