(ФОТО) На тригодишник му се ампутирани нозете откако му се инфицирала гребнатина на коленото

Тригодишно момче добило сериозна инфекција со стафилокока, поради што првично неговото семејство мислело дека е полесна повреда.
Боуден Баумкирхнер кампувал со роднини во близина на Сан Диего кога паднал од велосипедот и ги изгребал колената.
„Тоа е нешто што му се случува на секое тригодишно дете“, рекол неговиот татко Брајан Баумкирхнер за 12 News.


Неговата рана била исчистена и преврзана, но тој бил хоспитализиран после помалку од 48. часа по падот. Коленото му отекло и добил температура.
„Дијагнозата беше инфекција со стафилокок. Знаевме дека станува збор за бактериска инфекција, но не и дека е толку опасна”, додал таткото на момчето, кој започнал да ја губи циркулацијата во екстремитетите.



Тој исто така добил и сепса, а синдромот на токсичен шок што следел дополнително ја комплицирал ситуацијата.
Лекарите после тоа донеле тешка одлука. Одлучиле да му ги ампутираат двете нозе и неколку прсти. За само шест недели тој претрпел повеќе од 17.операции. Тој моментално е на одделот за детска интензивна нега и добро се опоравува, се вели на веб-страницата GoFundMe, каде е започната кампања за собирање средства за покривање на трошоците за лекување.


„Тој изгуби два прста од левата рака и дел од палецот. Сите други прсти му се извртени и вкочанети. Ќе му треба физикална терапија за да ги исправи и да овозможи повторно да функционираат.



„Сепак, ова наше бебе може да се справи со многу повеќе отколку што секој може да замисли и сè со насмевка на лицето“, тврдат родителите на Боуден.


Тие собрале повеќе од 140.000 УСД и само уште 35.000 ги делат од целта.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски

Денес, со почеток во 12:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се …