*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
КОГА некого ќе налутиме, понекогаш е доволно да се извиниме за да добиеме прошка, но некои луѓе простуваат потешко од другите.
Ако им се верува на астролозите, вашиот хороскопски знак има врска со тоа. Според порталот Your Tango, овие хороскопски знаци тешко простуваат и ќе ја запомнат секоја ваша грешка.
1. Скорпија
На врвот на списокот со знаци кои тешко може да простат се Скорпиите. Ако ги налутите, подобро да бегате „колку побргу ќе стасате“ затоа што ништо друго нема да ве заштити од нивниот деструктивен бес.
Нема прошка во нивниот вокабулар, тие ќе најдат начини да ви се одмаздат. Некои работи ќе се паметат со години, а вие не се извлекувате од тоа дури и ако на почетокот ви простат. Може да биде само манипулација за да ве заведат во лажно чувство на безбедност, па затоа внимавајте на грбот.