Гостување на Н.У. „Театар за деца и младинци“ со претставата „ЈОВАНЧЕ И МАРИКА“ на Охридско лето

На 21 август 2020, на сцената ДОЛНИ САРАЈ во Охрид, во 20:00 часот Н.У. Театар за деца и младинци ќе гостува на јубилејното 60. издание на фестивалот ОХРИДСКО ЛЕТО со претставата ЈОВАНЧЕ И МАРИКА, во Режија на Давор Драгојевиќ. 
Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца. Браќата Грим им подариле “вечен” живот, а многу генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов во семејството, добрината и пожртвуваноста.
Куклената претстава ЈОВАНЧЕ И МАРИКА е наменета за најмладата публика. Во неа играат: Катарина Илиевска Силјановска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Марија Ѓорѓијовска и Ангела Димитрова.
Воедно Ве известуваме дека претставата ќе се изведува според сите здравствени протоколи, во координација со организаторите на фестивалот ОХРИДСКО ЛЕТО.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …