Грција конечно ги објави правилата за летување: Еве што треба да знаеме – но остануваат непознаниците за користење на плажите!

Во здравствените протоколи вклучени се и организираните кампови, каде што исто така ќе мора да има план за управување со сомнителен случај на Ковид-19…

Сите хотели и туристички објекти во Грција мора да имаат “План за управување со сомнителен случај со Ковид-19”, согласно со здравствените протоколи од Министерството за Туризам. Хотелите со капацитет од 50. или повеќе соби треба да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со позитивен случај.
Предвидена е и обука на персоналот околу начините на кои се пренесува вирусот, за процесот на информирање на одговорните во хотелот како и за одржување на основните правила на лична хигиена.



На рецепциите на хотелите треба да има антисептик, да се држи потребната дистанца, а пријавувањето и одјавувањето да се врши по електронски пат. Секако, плаќањето ќе мора да се врши со картичка.
На хотелите во Грција им се препорачува да ги отстранат списанијата, каталозите и далечинските управувачи и секојдневно да се проверува дали во собите има антисептик.
Во здравствените протоколи вклучени се и организираните кампови, каде што исто така ќе мора да има план за управување со сомнителен случај на Ковид-19.


Меѓу камп-приколките и шаторите ќе мора да има растојание од пет метри и три метри странично.
Автобусите ќе работат со 50. проценти од капацитетите, а патниците за време на целото патување ќе мора да носат маска. Се препорачува автобусите често да се проветруваат и темелно да се дезинфицираа по секое патување.
И’ компаниите кои работат со автобуски превоз треба да имаат план за управување со сомнителен случај на коронавирус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …