Најфит парот на светот, Џенифер Лопез и Алекс Родригез заедно тренираат и тоа е тајната на нивниот квалитетен однос. Преку заедничките тренинзи, тие се поврзуваат, ја зајакнуваат врската и градат доверба.
Тие решиле да ја понудат идејата за тренинг на другите, па Родригез го снимил она што го прават дома за време на карантинот за да останат во форма.
Ѕвездата на тренингот е Џеј Ло, чие извајано стомаче е во преден план.
Прво на распоредот е трчање на 400 метри, проследено со 15 замавнувања со гирја (вид на тег), потоа 10 склекови, 15 склекови за рамо и 15 веслања напред.
Со ова видео, Алекс открил дека во нивното семејство тренингот е активност за целото семејство затоа што учествуваат и нивните деца, среќно трчајќи низ дворот додека нивните родители го зајакнуваат своето тело.