Поради коронавирусот промени и на правилата за Оскарите

Американската академија за филмски науки, која што е организатор на доделувањето на наградите Оскар, најави дека, поради престанокот на работа на кината за време на корона-пандемијата, само филмовите кои се прикажуваат на стрим-платформите ќе бидат во конкуренција за Оскарот следната година.
Досега филмовите можеа да конкурираат за Оскарите под услов – најмалку седум дена прикажување во кино во Лос Ангелес или ширум САД. Но, поради пандемијата на новиот коронавирус, кината не работат, а сите премиери се откажани.
Најголемите американски дистрибутери АМЦ, Регал и Синемарк, соопштија дека не очекуваат повторно отворање на киносалите пред крајот на јуни или почетокот на јули.
Следното доделување на Оскарите е најавено за 28 февруари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Искра“ – концерт на Македонската филхармонија со виртуозот на виолина Роман Симовиќ

Македонската филхармонија го најавува концертот „Искра” кој ќе се одржи на 16 мај (четврток) со …