Бившиот американскиот претседател Бил Клинтон отворено зборувал за својата афера со Моника Левински, изразувајќи жалење што на неговата поранешна љубовница тоа и го одбележало животот…
Тој ги откри и своите причини за започнување на аферата.
„Го направив тоа за да си помогнам околу мојата вознемиреност. Бев под голем притисок“, рекол тој, додавајќи дека аферата му помогнала да се справи со разочарувањата и животните стравови, пренесува Си-Ен-Ен.
Клинтон зборувал за тоа во новиот документарен филм „Хилари“, кој го следи животот на неговата сопруга. Хилари исто така се осврнала на приказната за аферата и рекла дека таа била „скршена“ во тоа време, но сепак одлучила да остане со сопругот.
„Сите ние имаме товар во животот и понекогаш правиме работи што не треба да ги правиме. Беше ужасно тоа што го сторив“, рекол Бил.
Клинтон, кој во тоа време беше претседател, се впуштил во врска со Левински, која во тоа време имала 22. години и била на пракса во Белата куќа. Кога аферата излезе на виделина, избувна голем скандал и тој го негираше тоа долго време.
Последниве години, Левински често зборуваше за нивната афера и за тоа како тоа влијаело врз нејзиниот живот.
На прашањето како си дозволил да преземе таков ризик, Клинтон одговорил: „Никој не смета дека влегува во ризик. Кога луѓето прават глупави работи, тие не мислат дека ќе преземат неодговорен ризик. Тие не мислат: ова е лошо за моето семејство, мојата земја , луѓето кои работат за мене. Не се случува така “.
“Се чувствував како да сум во 15-та рунда на натпревар во боксот и се појави нешто што ме одвлече од тоа. Се случи. Тоа беше лошо, но не е како што размислував:одам да го направам најглупавото нешто затоа што можам. Ова не е оправдување. Ова е објаснување. Беше ужасно. Се чувствувам ужасно поради тоа“, раскажал тој.