Авторите на „Медена земја“ денес добија плакета од Владата

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска се сретна со авторите на филмот „Медена земја“, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и кинематографот Самир Љума и уште еднаш им честиташе за значајниот успех.

„Ви благодарам што нé направивте горди со освоените награди и номинациите. Вашите успеси се големи и ние како Влада донесовме повеќе заклучоци во однос на изразување признание за успесите и нивната реализација“, рече Спасовски.


На членовите на екипата на „Медена земја“ им соопштиле дека се планираат проекции на филмот за сите средни училишта и универзитети во земјата, а тие, пак, заблагодарувајќи се ги изразиле своите ставови во однос на подобрување на условите на филмската кинематографија во нашата земја, давајќи предлози за поуспешно претставување на нашите филмови и фестивали на меѓународната сцена. Тие споменале дека дел од успехот е и на кинематографот Фејми Даут, кој заради службени обврски е отсутен.
Техничкиот премиер Спасовски на членовите на тимот им додели плакета како знак за признание за историскиот успех, а тие нему му пренесоа поздрави и тегла мед од производството на пчеларката Хатиџе Муратова еден од главните ликови на документарецот „Медена земја“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската претстава „Роденден“ вечерва во Народниот Театар во Штип

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Народниот Театар во Штип ќе биде изведена претставата …