Уште една успешна приказна на Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip

Успешно заврши уште едно издание на Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip, еден од најуспешните настани за млади инженери, дизајнери  и претприемачи организиран од EESTEC LC Skopje.

Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip веќе петта година по ред е еден од најуспешните студентски настани кој им помага на младите инженери и дизајнери да го надградат своето знаење и да работат на реални проекти кои подоцна можат да ги имплементираат во бизниси. Оваа година носечка тема на настанот беше претприемаштвото, a учесниците имаа можност да работат во тимови предводени од ментори кои веќе се докажани стартапери и кои им помогнаа во имплементација на својата идеја.


По една недела активно работење на развој на веб решенија од страна на младите инжинери, дизајнери и претприемачи  настанот заврши со финалето  Get in the Ring кое се одржа овој викенд и каде што тимовите имаа можност да ги презентираат своите идеи пред ментори и судии од земјата и странство. Победничкиот тим Мелиус, како награда за својата идеја доби учество на глобалната Get in the Ring конференција во Берлин, Германија, како и деловен простор каде што тимот ќе продолжи со работа и ќе ја имплементира својата идеја во реалниот сектор  Втори и трети на листа беа Startuvaj.mk и Резимирани, кои добија учество на регионалната ИТ конференција DigitalK во Софија, Бугарија,односно присуство на  Spark.me во Црна Гора, како и деловен простор за работа.


Vip уште еднаш ја покажа својата определба за поддршка на младите во градење на нивната кариера, дополнително вработените воVip ја превземаа улогата на ментори и несебично ги споделија своите знаења. На самото отворање на Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip на учесниците им се обрати Стефан Јовановски, Раководител на Одделот за човечки ресурси, а учесниците имаа можност и да го слушнат обраќањето и на Иван Скендер, Главен директор за Бизнис Трансформација во А1 Хрватска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …