Филмот „Исцелител“ селектиран во компетиција на „Солунскиот интернационален филмски фестивал“

„Солунскиот интернационален филмски фестивал е еден од најизвиканите во Југоисточна Европа и чест ми е што ќе ја претставуваме Македонија на еден таков престижен настан. Задоволството и одговорноста се уште поголеми во момент кога сакаме да ги подобриме разнишаните односи со соседите и доколку филмот биде макар еден мал мост меѓу двете култури, јас ќе бидам презадоволен“, изјави Ѓорче Ставрески, продуцент во Фрагмент филм.

Тој додава дека „Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите душкала кои во него гледаат нова надеж, исцелител.


Повеќе податоци можете да најдете на официјалниот сајт на солунскиот филмски фестивал:
http://www.filmfestival.gr/default.aspx?lang=en-US&page=607&newsid=2554

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …