(ВИДЕО+ФОТО) Вечерва „Ѕвездено небо за Тоше“ – фан-клубот ќе промовира нова песна


Фан-клубот „Тоше Проески“ и Фондацијата „Тоше Проески“ вечер од 20 часот на плоштад „Македонија“ ќе го организираат музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”. На настанот ќе биде промовирана нова песна од Тоше, со наслов „Light the Flame“, која ќе биде најава за нов албум снимен во Лондон.
„Недостигаат зборови за да се опише среќата и задоволството кое го чувствуваме што ја добивме привилегијата и честа првпат ние, фановите, да промовираме нова песна од Тоше. И десет години по прераната смрт на Тоше Проески, пламенот кај неговите обожаватели не згаснува. Оваа манифестација се одржува на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел заедно да се присетиме на неговата музика и лик, но и да го создадеме легендарното ’ѕвездено небо’ во негова чест“  соопшти Фан-клубот „Тоше Проески“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“

Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на …