52. ДЕЦА БИЛЕ СЕКСУАЛНО ЗЛОУСТАВУВАНИ: Резултати од една од првите официјални истраги во Католичката црква во Шпанија – Ова е само врвот на ледениот брег!

Шпанската провинција Навара  објави извештај во кој идентификувала 52. случаи на сексуална злоупотреба на малолетници во институциите на Католичката црква во текот на 70. години, како дел од една од првите официјални истраги на Шпанија за злоупотреба во црквата.
Во извештајот на регионалната влада на Навара и Јавниот универзитет во Навара се наведува дека од 1948. година, повеќе од 31. свештеник и член на црквата, од кои 21. се училишни учители, злоставувале малолетници во повеќе од 17. училишта и црковни институции во покраината.
Министерот за правда на Навара, Едуардо Сантос, рекол дека случаите се „врвот на ледениот брег“.
– Ова не е проблем на Католичката црква, туку проблем внатре во Црквата што христијанската заедница живее во ужас и загриженост. Овој извештај е обид да се дознае вистината – изјавил Сантос на прес-конференцијата.
Тој додал дека уште најмалку седум други наводни жртви се појавиле во Навара по комплетирањето на извештајот.
Обвинувањата за широко распространета злоупотреба на деца од католички свештеници и можно прикривање на Католичката црква дури сега излегуваат на виделина во Шпанија, неколку години откако слични скандали ја потресоа Католичката црква во други земји, како што се САД, Ирска и Франција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …