Анче Џамбазова била родена во Скопје на 3 август 1942 година. Таа е истакната македонска театарска и филмска глумица, најпозната по улогите во Мирно лето и Македонски народни приказни.
Анче Џамбазова е ќерка на глумецот Петре Прличко, сопруга на композиторот Александар Џамбазов и мајка на шоуменот Игор Џамбазов и архитектот Татјана Џамбазова.
Започнувајќи од 2019 година на фестивалот на комедијата „Гола Месечина“ се доделува наградата за животно дело „Анче Џамбазова“.
Во 2020 година премиерно е прикажан и документарниот филм насловен како „Тетка Анче“
Починала на денешен ден во 1997 година во Скопје.